Се појави нов сој на вирусот ХИВ

188

Прв пат по 19 години, научници во својата најнова студја воочиле сосема нов сој од вирусот ХИВ.

Сојот ѝ припаѓа на групата М од верзијата на ХИВ1, односно на истото семејство вирусни подтипови кои ја предизвикуваат глобалната пандемија на НИВ, тврди компанијата Абот лабораторис која заедно со Универзитетот Мисури го направила истражувањето.

ХИВ вирусот има неколку различни поттипови или соеви, како и другите вируси, односно поседува способност за менување и мутирање со текот на времето. Ова е прв нов сој на ХИВ од групата М кој е утврден откако во 2000 година беа воспоставени насоките за групирање на подтиповите.

За медицинската заедница е важно да знае кои соеви од вирусот се актуелни за да се осигура делотвроно тестирање за откривање на болеста, пишува Си-Ен-Ен.

„Ова може да стане вистински предизвик за дијагностичките тестови“, изјави вирологот Мери Роџерс, коавторка на истражувањето.

Доктор Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за заразни болести, изјави дека моменталните третмани против ХИВ се делотворни и против овој новооткриен сој, ама дека неговото откривање сигурно ја надополнува картата за развој на ХИВ.

Засега не е познато дали оваа варијанта на вирусот има различно влијание врз заболените, ама денешните третмани за ХИВ можат да дејствуваат на широк спектар на вирусни соеви.

Според податоците на Светската здравствена организација, во светот од ХИВ се заболени околу 36,7 милиони луѓе, а од 2016 година има околу 1,8 милиони.