Се отстранува нелегална урбана опрема на 14 локали

130

Секторот за инспекциски работи на општина Центар, со полициска придружба денеска постапуваше по 14 решенија за отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Градоначалникот Саша Богдановиќ информира дека акцијата опфатила локали, кафе-барови и други објекти кои нелегално имаат поставено урбана опрема (тераси, монтажни конструкции итн.), меѓу кои е и конструкцијата поставена пред ноќниот клуб „Џубокс“ во Дебар Маало.

– Продолжуваме неселективно со борба против беззаконието и урбаниот хаос, со цел воведување на ред во поставувањето на урбаната опрема на јавен простор -истакна Богдановиќ и повторно повика угостителите и одговорните лица да се придржуваат до законските решенија и правилници за поставување на урбана опрема.