Се коси тревата долж кејот во Карпош

85

Комуналните служби на општина Карпош ги уредуваат (косат) тревните површини долж Кејот, од мостот „Обединети Нации” до Спортско – адреналинскиот парк и зоната за миленици.

– Граѓаните тука поминуваат голем дел од своето време, а со новиот парк, фитнес зоната и делот за миленици просторот се направи уште пофункционален – информира градоначалникот Стефан Богоев.

Општина Карпош и во иднина ќе спроведува акции со кои ќе се косат зараснати тревни површини, и хортикултуно ќе се уредува кејот на Вардар.