Се кастрат гранките и грмушките кои го попречуваат нормалното движење на жителите

72

На барање на граѓаните, оваа недела Општина Аеродром започна акција за кастрење на гранките, грмушките и останатото зеленило што се наоѓа во непосредна близина на плочниците и патеките низ Аеродром.

Со оваа акција на комуналните служби,, како што велат од локалната самоуправа се работи на отстранување на опасностите и пречките за нормално движење на граѓаните на територијата на општина Аеродром.