Се дезинфицираат компании и се чисти градот

36

Општината Крушево изврши дезинфекција во компаниите за преработка на тутун „СЕКЕ“ и текстилната „Фалко“, со што продолжи да ги спроведува мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во текот на вчерашниот ден беше извршена дезинфекција на фабриката Секе, а претходно беше спроведена и втората фаза од дезинфекција во конфекцијата „Фалко“. Според крушевскито градоначалник Томе Христоски, денеска се чисти градот.

-Продолжуваме со спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и затоа мора да обезбедиме чисти и целосно дезинфицирани работни простории за вработените во компаниите „Секе“ и „Фалко“. Денеска спроведуваме и акција за чистење во целиот град-изјави Христоски.

Извор: МИА