Се враќа традиционалниот собир „Мото бич парти“

31

По пауза од неколку години, мотоциклистите се враќаат на брегот на велешкото езеро Младост да го возобноват некогаш традиционалниот мотособир.

На 13 мај годинава, велешани повторно ќе бидат домаќини на мотособирот на кој ќе учествуваат голем број мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата  „Мото бич парти“ ќе се реализира во организација на Здружението на граѓани „Мотоклуб – Носачи на крстот“ од Велес, со поддршка на Општина Велес.