Експлозија на плинска боца пеплоса стан во зграда во Карпош 4/ФОТО

1446

Изгоре стан во руските згради во скопската населба Карпош 4, откако настанал пожар од експлозија на плинска боца.

„Странува збор за пожар во станбена зграда на улица Разловечко востание бр. 4, на  вториот кат. До пожарот дошло откако експлодирала плинска боца. Интервенирано е со три возила и 8 пожарникари. Пожарот брзо е изгаснат и причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува. За среќа нема повредени лица, изјави за весникот ВЕЧЕР и vecer.press, Ѕвонко Томевски командант на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Фото: П. Стојановски