Се бара купец за Моура

75

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на бразилскиот интернационалец Лукас Моура. Крилниот напаѓач нема статус на стандарден првотимец и не дел од плановите на менаџерот Антонио Конте, кога е во прашање актуелната сезона. Бразилецот има договор со Тотенхем до крајот на актуелната сезона и затоа Тотенхем ќе се обиде да го продаде во јануари.