Се бара купец за Милик

150

Челниците на францускиот гигант, Олимпик од Марсеј, испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на полскиот интернационалец, Аркадиуж Милик. Искусниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да си замине од „Велодром“ доколу официјалната понуда не биде помала од 15 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на калчо гигантот Јувентус.