Сеќавањата на Биљана Беличанец не бледеат

1578

На денешен ден пред точно една година, почина познатата македонска актерка Биљана Беличанец (25 јули 1973,  07. 04. 2019 Скопје), но сеќавањата на нејзе и нејзините улоги не бледеат.

Беличанец дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Во Народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп работеше од 1994 до 1997, а од 1997 во Драмскиот театар Скопје. Од 2013 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин – слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела(Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/ Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Управничката (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Ема (Љубовници, 2015). Крал Иби 2019/

Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010).

Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата„ Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).