Во издание на книгоиздавачката куќа ,,Матица“-Скопје, од печат излезе најновиот роман „Сестра Касијана“ чиј  автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски.

Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири. Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.

-Станува збор за возбудлив приказ за една млада девојка, исклучителен талентиран оперски глас, кој ги надминува границите, како и нејзиниот мирен животен од силна желба да севдахне духовност на обездуховениот народ, за што одлучува да се замонаши, нагласи Тодоровски и доде дека замислата, или подобро речено целосната приказна е придонес кон нашата света вера и оние наши луѓе кои во потполност се посветиле да го слават Господа и сите наши знајни светци во кои постојано се молиме. 

Замислата е одроденото да се препороди, да се врати животот во светите манастири, како духовна поткрепа и вербата на нашиот човек.

Романот „Сестра Касијана“ е работен повеќе години со посета на манастири, со запазување на сите канонски норми, утврдени црковни правила и присуство на монашките послушанија, содржи три целини и е напишан на 284 страници.