Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

22

Со презентација на трудот „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“, од Рејхан Сулејман, преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс, денеска ќе се одржи 39-тата сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка.

За овој труд, Рејхан Сулејман ја доби Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година (прва награда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што подетални информации се достапни на веб-страницата на Народната банка.