Организаторите на најстариот грен-слем турнир Вимблдон, во историјата се соочија со разни проблеми, но американската тенисерка Серена Вилијамс ги доведе во ситуација во која никогаш не биле претходно.

Американката пред почетокот на турнирот со својата сестра Венус тренираа на теренот број 15, а Серена никако не можела да го погоди ударот што се барал од неа. Тоа многу ја фрустрирало и во еден момент почнал да вика и сиот бес му го истурила на рекетот кој го удирала од тревата. Потоа го фрлила покрај клупата, си ги зела работите и луто си заминала.

Од нејзините удари драстично била оштетена тревата која била совршено подготвена за почетокот на турнирот, а собирачите на топчиња мораа да ги соберат деловите од нејзиниот рекет од тревата. Оваа недела, односно девет дена подоцна беше објавено дека Серена е казнета со 8.000 фунти заради неспортско однесување и уништување на инвентарот.

  • Ваквите казни обично се носат во истиот момент, но во овој случај многу долго разговаравме, бидејќи на Вимблдон никогаш не се случило некој да го оштети теренот на тренинг. Бидејки се работи за многу позната и успешна тенисерка, сакавме да собереме што е можно повеќе докази, снимки и фотографии со цел правилно да одлучиме, се вели во соопштението од организаторите.

Изливот на бес на Серена го документираше британскиот таблоид „Дејли мејл“, чиј фотограф случајно се нашол на тој терен.

  • Беше јасно дека не и оди и дека не ужива во тоа што го прави. Се мачеше да спои неколку удари и пота пукна. Распали по рекетот, но тој не се скрши веднаш. Но таа беше упорна и со десетина удари го искри, изјави фотографот.

Ова не е прва казна за Серена Вилијамс, која пред три години беше казнета на Вимблдон за кршење на рекетот во 2. коло, а минатата година со расправија со судијата Алберт Рамос на САД Опен доби казна од 13.000 долари.

Серена Вилијамс стигна до полуфиналето на турнирот во Лондон каде ќе ги одмери силите со Барбара Стрицова, а во другото полуфинале ќе се сретнат Симона Халеп и Елена Свитолина.