Згодната УФЦ натпреварувачка Рејчел Остовиќ се враќа во октагонот по пауза од две години. Причина за нејзиното одалечување од УФЦ борбите беше основањето семејство, а како што вели, сега е целосно подготвена да ја продолжи кариерата.

Последната своја борба ја имаше против подеднакво убавата Пејџ ван Зант, од која загуби во јануари 2019 година, а сега ги помина сите тестови поврзани со ковид-19 и е подготвена за спектаклот кој ќе се одржи во сабота.

  • Конечно сум подготвена да продолжам таму каде што застанав, објави Остовиќ на Инстаграм.

Противничка ќе и биде Џaина Мазани.

  • Се чувствувам одлично, ме тестираа на ковид-19 и сум негативна, додаде Рејчел.