Секој петти Бугарин се жали на малтретирање на работното место

51

Секој петти Бугарин кој работи во Бугарија е подложен на ментално малтретирање од страна на неговиот менаџер или колега. Ваквите случаи се зачестени во последната година, покажуваат податоците од пријавите за прекршоци, изјави за БНР националниот секретар на синдикатот Тодор Капитанов.

– Навредите, повишувањето на тонот, заканите и слично се дел од секојдневниот живот на 20 отсто од работниците во Бугарија, при што 70 отсто се жени, а 30 отсто мажи. Најмногу поплаки има меѓу оние на возраст од 26 до 45 години. Навистина е необјасниво како во 21 век сè уште има шефови и колеги кои ги преминуваат моралните и законските граници со навреди и закани кон своите колеги и подредени. Треба да биде јасно дека ваквите дејствија се во спротивност со Кривичниот законик и Законот за заштита од дискриминација, вели Капитанов.

Кривичниот законик предвидува санкции за јавно нанесени навреди. Работниците мора да достават пријава до работодавачот и тој веднаш да изврши инспекциски надзор, додаде Капитанов.