Во Италија разоткриена банда која фалсификувала потврди за вакцинација против Ковид

130

Италијанските истражители денеска разоткрија банда осомничена дека преку интернет продавала лажни ковид сертификати.

Експертите за кибер безбедност идентификуваа група Италијанци од повеќе градови, како и администратори на каналот Телеграм, кои на своите корисници им нуделе лажни сертификати за вакцинација против Ковид-19 за 100 евра, кои можеле да се платат и во криптовалути.

Купувачите, меѓутоа, никогаш не ги добиле тие потврди, изјави полицаец за ДПА.

Полицијата ја идентификуваше целата мрежа и пронајде бројни фотографии од лични и здравствени карти, како и историја на интернет комуникација и прегледи.

Според соопштението на полицијата, криминалната група имала поддршка од лица од здравствениот сектор.