Сезонско овошно задоволство:Брз колач со цреши

157

Почнете ја седмицата со освежителен десерт со кој ќе го израдувате семејството понеделнички. Уште еден начин да се ужива во неодоливото пролетно овошје.

Потребнио состојки:

  •  250 гр исчистени цреши
  • 1 чаша јогурт (200 ml)
  • 2 јајца
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши остро брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • малку масло и брашно за калапот

Подготовка:

Калапот за печење премачкајте го со масло и посипете со остро брашно.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте го брашното со прашокот за печиво и просејте го во сад.

Во друг сад измешајте ги јајцата и шеќерот околу пет минути, додека смесата не стане густа и не добие светло жолта боја.

Сега додадете го маслото малку по малку и нежно измешајте со најмала брзина. Потоа во садот додајте го јогуртот и со рака измешајте ја смесата.

Потоа додадете го просеаното брашно и измешајте го во смесата, а на крај додадете ги исчистените цреши и соединете се.

Истурете ја смесата во калап и печете на 180 степени помеѓу 30 и 40 минути. Колачот е готов кога ќе добие темно златно-жолта боја и кога ќе се одвои од рабовите на хаубата.

Извадете го од рерна и оставете да се излади, па по желба посипете го со шеќер во прав.