Седум македонски каратисти во традиционално карате на Европски шампионат во Романија

246

Македонската репрезентација во традиционално карате од денес до 16 јуни ќе учествува на официјалниот 34. ЕТКФ Европски Шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Питести, Романија.

Нашата репрезентација ја предводи најдобар каратист Дејан Недев кој ќе настапи во сениорска конкуренција заедно со Матеј Ангеловски и Јадранка Недева.

Во младинска, јуниорска и кадетска конкуренција ќе настапат Петар Костов, Мила Саздова и Антонија Белазелкоска, а пак во категоријата ветерани ќе настапи Ристо Сакалиев од КК Кавадарци.

Со екипата патува и селекторот на репрезентацијата во традиционално карате, Венцислав Недев.