Сега го имаме тоа што ни недостасуваше

78

Најпроблематичниот фудбалер во дресот на Атлетико (М), Диего Коста, е убеден дека најскапата аквизиција во клупската историја, португалскиот интернационалец Жоао Феликс, е тоа што му недостасуваше на шпанскиот гигант за да биде во игра за титулата во Примера дивизион и Лигата на шампиони.

За да ги осигураат услугите на 19-годишниот крилен напаѓач, челниците на Атлетико (М) мораа да ја исплатат ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 120 мил. евра.

  • Кога пристигна во Атлетико, веднаш видовме дека е подготвен да ги слуша советите на поискусните играчи, тој сакаше да учи од нив. Тој не е играч кој мисли дека е ѕвезда. Ова е добро за соблекувалната и за клубот. Тој ги покажа своите квалитети за време на претсезонските дуели. Тој го покажа тоа против Јувентус, и против Реал, како и на тренинзите. Има природен талент, нешто поразлично од вообичаеното. Нормално е да се има големи очекувања за Жоао, се гледа колку е добар играч. Лично, добро се снаоѓам со него на теренот. Да се ​​има играч кој може со еден допир на топката да започне напад ви дава предност. Секој може да види дека има нешто посебно во него. Ова беше нешто, од кое имавме потреба, не само јас, туку на целиот тим, изјави Коста.