Севиља е најдобриот гостин во Ла Лига

67

Тимот на Севиља настапува импресивно од почетокот на сезоната, претежно далеку од „Рамон Санчез Писхуан”. Статистиката покажува дека екипата на Хулен Лопетеги има најдобри перформанси при своите посети од сите екипи на Ла Лига. „Црвено-белите” освоија 16 поени на своите осум натпревари како гостин. Неодамна, Севиља изгуби на „Камп Ноу” од шампионот Барселона.

Поаналитички поглед на „Марка” открива промена во стилот на играње на тимот од Андалузија кога е домаќин и кога е гостин. При своите посети, тимот игра подефанзивно и вложува поголем физички напор во обидот да го победи својот противник. На „Санчез Писхуан”, екипата игра малку понапред и се обидува да ја потврди можната предност во резултатот.

Мадридскиот медиум известува за клучната улога на дефанзивниот триаголник Диего Карлос – Жул Кунде – Фернандо. Бразилецот Фернандо е втор по украдени топки од почетокот на сезоната во Шпанија со 113 гола.