Северина не зборува со сестрите, само со мама Ане, а најстарата сестра Маријана ѝ е на „црната листа“….Шокантно!

1291

За мегапопуларната Северина (Вучковиќ), некогаш Поповиќ и Којиќ, скоро и да нема нешто што не се знае. Сè се знае и за нејзината неодамнешна гала-прослава на 50. Роденден, на кој дојдоа многу популарни личности од скоро целата поранешна Југославија. Но, џабе е сето тоа кога на роденденот не беа поканети сестрите на Северина. Сè поради урнати комуникации со речиси целата нејзина фамилија, со сестрите, со тетките, со братучетките, со чичковците, со скоро сите.

Пејачката комуницира само со својата мила мајка Ане. Северина има две сестри, кои се викаат Зденка и Маријана, но не зборува со нив. Причините за тоа се со подлабоки корени. Секако дека најтешко ѝ е на мајката Ане (или Анка), која безуспешно се обидува да ги смири сестрите. На сестрата Зденка, Северина не ѝ се јавува со години. Таа живее во Задар со сопругот Здравко Жуниќ, а со Северина нема никаков муабет. Зденка дури и го поддржа бракот на Северина со голманот Игор Којиќ од Белград, но ѝ беше многу лута што дозволила тој брак да биде управуван од медиумите и од менаџерите. – Иако е така, иако ние не зборуваме, јас се молам за здравјето и среќата на мојата сестра Севе – изјави Зденка со тага во гласот. Меѓутоа, поп-пејачката не зборува ниту со втората најстарата сестра – Маријана. Се скарале поради тоа што мама Ане е сè почесто кај Северина во нејзиниот нов стан отколку кај Маријана, како порано. Северина ѝ ги забранила посетите во нејзиниот стан.

Но, Маријана ја обвини Северина дека ја крие здравствената состојба на нивната мајка. Дури дотаму им се нарушени сестрински комуникации што Северина ја ставила својата најстара сестра на „црната листа“. Сите во фамилијата постојано се чудат на ваквото ненормално однесување на Северина. За ваквата лоша семејна атмосфера придонесоа и гласините за наводната врска на Северина со Филип Милетиќ, кој е нејзин долгогодишен музички продуцент.

– Јас и Филип не сме во врска, не се забавуваме. Не читам весници долго време, немам поим што пишуваат новинарите за мене. Искрено да ви кажам, ниту ме интересира тоа. Тие и така за ништо не ме прашуваат. Но, на некој начин, подобро е да пишуваат за тоа отколку за некои тешки работи, како што пишуваа за мојот развод од Милан Поповиќ, за мојот син – објасни Северина, која, и покрај сè, остава впечаток на силно среќна личност, која неодамна си го направи ќефот летувајќи на егзотичните Малдиви. (Д.М.)