СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници, утврдени на вчерашната седница на Извршниот одбор, една третина нови лица

214

На попладневната прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ,  ги објави кандидатите за градоначалници утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор на партијата.

Една третина од сите 69 кандидати за градоначалници на СДСМ, посочи Николовски, се нови лица.

– Анкетите покажуваат огромна разлика и поддршка и на СДСМ и на Горан Герасимовски во Центар. Во Општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со актуелниот градоначалник Александар Наумовски. Со голем број реализирани проекти и развој на Ѓорче Петров во изминатите четири години сметаме дека е најдобриот избор.

Кандидат за општина Битола, каде, исто така, имаме голема предност, е Христо Кондовски, еден од најпознатите стопанственици, успешен човек и менаџер кој своето познавање и искуство ги ставана располагање на граѓаниет на Битола. Анкетите потврдуваат сигурна победа за Кондовски во Битола, изјави Николовски.

Одлуката за Кочани, како што посочи, ќе биде објавена на 8 септември.

За победничко Куманово Оливер Илиевски, директор на јавното водостпанство Куманово-Во општина Ѓорче Петров втор мандат со Александар Наумовски-Христо Кондовски за Битола-Соња Стаменковска кандидат за втор мандат за општина Македонска Каменица-Општина Шуто Оризари со Асан Ферат ја добива шансата да истрча на овие избори -Нов кандидат за градоначалник е кандидатот за СДМС за Кривогаштани, Николче Мисовски – Димче Шипинкаровски, кандидат за општина Струга -Сашко Поцков, кандидат за нов мандат во Гевгелија – Со нов канидат, Игор Крцковски, дипломиран правник од Мешеишта, за општина Дебрца -Нов канидат и за општина Чучер Сандево -Поддршка и на некои од актуелните градоначалници, како за Живко Силјановски -Општина Долнени  со канидатот Аднан Џафероски – Кандидат на СДСМ за општина Врапчиште, Џезми Мамути, -Во Радовиш СДСМ стартува со нов кандидат, актурлниот пратеник Коле Чарапчиев -Во Крива Паланка СДСМ оди на изборите со кандидатот Сашко Митовски, успешен стопанственик, докажан менаџер.

СДСМ оди на победа со Костадин Костадинов.

– Во останатите општини СДСМ ќе поддржи кандидати на нашите коалициски партнери. Тоа е во Гостивар, во Дебар, во Чаир, во Сарај, во Липково, во Пласница, во Боговиње, каде СДСМ нема да истакне кандидати, но секако советнички листи СДСМ ќе има во сите општини, изјави Николовски.

Го имаме најдоброто, нагласи Николовски, и СДСМ е фаворит и победник на овие локални избори.