СВР Велес санкционираше 14 возачи за непочитување на пешаци

28

Полициски службеници на СВР Велес денеска од 11 до 15 часот изрекоа 14 мерки против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин, соопштија од МВР и додаваат дека во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 24 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

Од таму посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со вакви и слични активности и апелира до возачите да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.