Свињи избегале од фармата и цел месец лудувале низ градот пред да бидат намамени назад

158

Околку 250 свињи кои изминатиот месец предизвикувале хаос во местото Оринџ во Вермонт, откако избегале од фармата каде што биле чувани, конечно се вратени назад со помош на сендвичи со хот дог и добрата стара техника на оградување, пренесувува АП.

Неколку фармери заедно со неколку волонтери во четвртокот се впуштиле во макотрпен потфат, низ правлив планински пат, да се обидат да ги вратат свињите кои пред еден месец избегаа од фармата Шугар маунтин во Оринџ.

Ги бркале свињите низ грмушки и преку ровови, обидувајќи се да се постават така што ќе можат да ги опколат големите свињи и диви свињи кои постојано им се измолкнувале.


На крајот повеќето свињи се вратиле дома, пренесе АП.

Свињите во текот на својата авантура, блокирале патишта, па автомобилите не можеле да поминуваат, а пешаците бегале настрана од патиштата бидејќи животните ги гонеле.

„Сопственикот на свињите, фармерот Волтер Џефрис, ќе мора да им плати десетици илјади долари казна на градот во кој престојувале свињите, бидејќи им го попречувале патот на возачите и пешаците“, изјавија градските власти.

Џефрис изјави дека мисли дека вандали ја оштетиле оградата во делот со свињите на неговата фарма, на 11-ти август, што овозможило 50 возрасни свињи и 200 прасиња да избегаат.

Смета дека тоа е дело на поранешен вработен и вели дека случајот го пријавил во полиција.

„Фармата неодамна беше и ограбена, а украсен е алат во вредност од 1000 долари“, додаде Џефрис.

Тој наведува дека мнозинството од 250 свињи кои избегале од оградениот простор е вратено, а локалните власти тврдат дека животните кои се уште на слобода и понатаму прават неред во околината.