Со презентација на разни видови храна од 12 земји, музика и детско катче, денеска во Градскиот парк во Скопје се одржа четвртиот Светски хуманитарен пикник во организација на Стопанската комора и Советот на странски инвеститори.

– Тука имаме десет различни видови храна од 12 различни земји и сметаме дека ова е многу добар начин да им покажеме на луѓето каква е нашата традиција и да овозможиме да ја вкусат храната од земјите од каде потекнуваат странските инвеститори, изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори.

Сите собрани средства од пикникот ќе бидат донирани во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух говор и глас-Битола.

– Со еден купон што чини само 100 денари може да добиете главно јадење, пијалок и десерт и секој кој е присутен во паркот може да учествува. Горди сме да кажеме дека средствата собрани ќе бидат дадени во домот за глуви од Битола, појасни Петер.