Шампионката во џудо и олимписка ѕвезда, Марисет Еспиноза Гонзалез, почина на 34-годишна возраст. Таа доживеала срцев удар и тоа, како што пренесуваат американските медиуми, во моментот кога требало да оди на операција за зголемување на градите, пишува „ТЗМ“.

Марисет Еспиноза Гонзалез го освои петтото место на Светското првенство во 2011 година, двапати го освои златото – на Панамериканските игри во Сан Хозе и во Гвајакил, додека среброто го освои во Хавана, во 2016 година.

Исто така, учествуваше на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, завршувајќи го натпреварувањето во втората рунда. Во текот на кариерата освои и два сребрени медала на континенталниот шампионат во џудо.