СВЕТОТО ПИСМО НА АУКЦИЈА: Хебрејска Библија од 900 година од нашата ера продадена за 38,1 милион долари/ВИДЕО

172
EPA-EFE/ABIR SULTAN

Аукциската куќа Сотби во Њујорк продаде хебрејска Библија од 900 година од нашата ера за 38,1 милиони долари, што го прави еден од најскапите ракописи на пазарот за антиквитети.
Очекуваната аукциска бројка за оваа хебрејска Библија, наречена Codex Sassoon по нејзиниот најпознат сопственик, Дејвид Соломон Сасун, изнесуваше помеѓу 30 и 50 милиони долари.
Сасун го купил Светото писмо во 1929 година за 350 фунти, а во соопштението на аукциската куќа било наведено дека оваа хебрејска Библија е речиси целосна и исклучително добро сочувана. Нему му недостигаат само неколку страници, а се состои од 24 книги.
„Сотбиз“ го продаде по четириминутно наддавање меѓу двајца понудувачи, а купувач е поранешниот американски дипломат Алфред Мозес.
Тој ја даде понудата во име на американска непрофитна организација која ќе ја донира оваа хебрејска Библија на Музејот на еврејскиот народ АНУ во Тел Авив.