Свекорот на Северина тагува – неговиот чичко почина од коронавирусот

860

Деновиве е тажно во семејството на популарниот пејач, свекорот на Северина, Драган Којиќ Кеба. Тој е скршен од болката поради смртта на неговиот чичко, инаку братот на неговиот татко.
Чичкото на Кеба починал во болница како резултат на последиците од коронавирусот.
Кеба беше многу приврзан кон неговиот чичко во секој поглед, му значеше како да му е татко. Беше близок и со неговиот син, својот прв братучед, кој трагично почина пред некоја година во сообраќајна несреќа.
Тогаш Кеба  му ја посвети песната „Мојот брате“ која стана една од најслушаните и најпеаните на концертите.
Инаку, и снаата Северина на свекорот му изрази икрено сочувство велејќи дека многу и е жал. Особено и затоа што Кеба го познава и како пртерано емотивен човек кој смртта на чичко си, тешко ќе ја поднесе и долго ќе ја преживува. (Д.М.)