Саркози ги негира сите обвиненија во првото изјаснување за време на судењето за корупција

26

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, на денешното прво рочиште, ги негираше обвиненијата за корупција против него, јави ДПА.

Не признавам ниту едно од овие срамни обвиненија, кои се форсираат веќе шест години, рече тој, во своето прво јавно изјаснување пред судот за ова прашање

Саркози и неговиот долгогодишен адвокат Тиери Херцог се обвинети за корупција и трговско влијание, врз основа на наводен обид за поткуп на Гилберт Азиберт, обвинител, во 2014 година за да добијат тајни информации за посебна истрага во врска со финансирањето на кампањата.

Судењето започна минатата недела, но мораше да биде запрено, откако судот побара лекарско мислење дали Азиберт е подготвен да присуствува.

Азиберт, кој исто така е обвинет, е прогласен за способен и се појави пред судот.

Саркози се соочува со казна до 10 години затвор и парични казни до еден милион евра (1,2 милиони долари) доколку биде прогласен за виновен.

Извор:МИА