Санчез достапен за Ливерпул

81

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на португалскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на Лил, Ренато Санчез. Француските медиуми открија дека раководните лица на Лил се подготвени да седнат на преговарачката маса, но Санчез ќе добие дозвола да се пресели на „Енфилд“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. евра.