Полициски службеници од СВР Битола денеска во периодот од 10 до 15 часот спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 61 возач, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од санкциите, како што посочуваат од МВР, се изречени во Битола-28, Прилеп-14…

-Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта