Санкционирани 154 возачи во Скопје

25

Во текот на вчерашниот ден  продолжија контролите во областа на сообраќајот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на територија на град Скопје биле изречени вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, биле изречени четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.