Само десет екипи можат да си го дозволат Халанд

104

Најпознатиот и сигурно најконтроверзниот фудбалски менаџер на сите времиња, Мино Раиола откри дека само десет клубови се финансиски моќни да си го дозволат во своите редови норвешкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд.

  • Само до десет екипи можат да си дозволат да го купат Халанд. Тој ќе биде една од ѕвездите во следната деценија, бидејќи гледаме дека ѕвездите како Ибрахимовиќ, Роналдо и Меси доаѓаат во време во кое сите се прашуваат „Колку долго уште можат да уживаат во фудбалот? Значи, сите бараат нова генерација, изјави Раиола за британскиот сервис Би-би-си.

Менаџерот на Ибрахимовиќ, Балотели, Погба, Донарума… не сакаше да открие кои се десетте клубови финансиски моќни да платат за трансфер на Халанд, наведувајќи само дека четири од нив се од Премиерлигата.

Репрезентативецот на Норвешка има има договор со Борусија Дортмунд до 2024 година, со откупна клаузула од најмалку 100 милиони евра, што стапува на сила во 2022 година.