Самарџиќ ќе го глуми Елмас

351

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, ја започна потрагата по фудбалерот кој треба да биде замена за репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас. Од почетокот на новата година Елмас ќе го носи дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, а „азурите“ ќе се обидат да ги осигураат услугите на српскиот интернационалец од редовите на Удинезе, Лазар Самарџиќ, кој е проценет на околу 25 мил. евра.