Салата од диња и фета сирење

122

Едно од овошјата кои покрај лубеницата најмногу асоцираат на лето е дињата. Поради големиот процент на вода што ја содржи, дињата е совршен избор за топлите летни денови, поради тоа што без доволно течности летните врелини се едноставно неиздржливи. Во сто грама диња има само 34 калории па затоа таа важи и за исклучително ниско калорична храна. Но освено големото количесво вода, дињата е одличен извор на витамините А и Ц, а содржи и калициум, железо и витамини од Б комплексот, како и магнезиум.
Најчесто се јаде на наједноставен начин – без кората и семките, само исечкана на парчиња – ама постојат и бројни начини да уживате во оваа летна миленичка на малку поинаков начин, без никогаш да не ви здодее.

Потребно е:

  • 1/2 диња
  • 150 г фета сирење
  • 1 краставица
  • 1 лажица власец
  • 1 лажица свеж магдонос
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица лимонов сок

 

 

Приготвување:
Половината од дињата издлабете ја со лажица, или посебна кујнска алатка за да добиете топчиња. Можете да ја исечкате и на коцкички. Ставете ја во сад и додајте ги ситно исечканата краставица и иситнетото фета сирење. Додајте ги свежите зачини и лимоновиот сок и измешајте. Сервирајте ја салата убаво изладена.