Сакате да запознаете некого подобро-погледнете како ја украсува новогодишната елка

770

Ако веќе не сте ја накитиле елката, или домот, сигурно веќе сериозно размислувате за тоа. Дури и ако сте од оние кои се воздржуваат од украсување, или оворено се против тоа, сепак имате свој начин да внесете празничен дух во домот. Гламур или минимализам, масовна продукција, или рачна изработка, начинот на кој ја изразувате својата креативност и осет за естетика откриваат многу за вас.

Верувале или не, дури и начинот на кој го украсувате божиќното дрво може да открие многу за вашиот карактер. Дали претпочитате придушени, пастелни бои и еднобојни светилки или сте „направи сам“ тип? Дали избирате мали, пропорционални со просторот во кој се наоѓа, или сакате сè да „вреска“ од луксуз?

Експертите дојдоа до бројни откритија преку бројни истражувања, а еве што вели начинот на кој ја украсувате елката за вашиот карактер.

Ѕвезда на врвот

Три зборови најдобро ве опишуваат: морални, силни и лидери. Се верува дека љубителите на „ѕвезда на врвот“ веруваат во судбина, односно тие секогаш ја бараат „водечката ѕвезда“ и имаат цврст систем на верување. Исто така, имаат цврст морален компас што го користат при донесување важни животни одлуки, се наведува на порталот littlethings.

Ангел на врвот

Овие луѓе се претежно духовни, кои не се плашат да го покажат тоа и ги красат вера и љубезност. Тие се грижат за другите и сакаат да се чувствуваат посебно. Луѓето честопати им се обраќаат за совет, затоа што знаат дека имаат добро и големо срце.

Вештачко дрво

Практични. Организирани. Планираат однапред.

Без разлика дали не сакаат хаос од борови иглички или се против сечење дрвја, со избирање вештачки дрвја, покажуваат дека првенствено, сè е брзо и лесно да се постави, а потоа да се отстрани. Повеќе сакаат да инвестираат во нешто што ќе трае со години отколку да купуваат нов одново и одново секоја година.

Премногу големо во однос на собата

Колку е поголемо, толку подобро, нели? Експертите велат дека во вашиот случај, сè се врти околу грандиозноста, амбицијата и дека ништо не може да биде мало или незабележително. Таа мора да свети, трепери, да биде масивна. Сè е остварливо, само ако верувате доволно. Сонувате големи соништа и не се плашите од неуспех, не затоа што неуспехот како таков не е можен во нивниот случај, туку затоа што го сметате за вредна лекција, а не за нешто негативно.

Совршено симетрично

Визуелната естетика е нешто што е исклучително важно за зас, и се сметате за некој кој ужива во средина каде што се важни работата, редот и дисциплината. Како и при изборот на украсите, во реалниот живот не носите одлуки набрзина, туку добро размислувате за сè.

Премногу светилки

Само нека блеска! Исто како и вашиот карактер. Смели, одважни, духовити, дружељубиви. Уживате во празничната атмосфера „за сите пари“, сакате да бидете во центарот на вниманието и често сте главен забавувач на собири и забави, со други зборови – главна фаца.

„Направи сам“ украси

Вашата креативна страна го бои вашиот живот со различни бои, па затоа не се плашите да бидете различни и оригинални. Вашиот живот е отворена книга, а луѓето брзаат кон вас за искрени мислења и искрени одговори. Тие исто така знаат дека секогаш ќе бидете слободоумни.

Премногу од се

За вашето дрво може да се каже дека му недостига само уште шапката на лудиот шапкар од Алиса, но тоа е сосема во ред! Секоја светилка и украс мора да се најдат на дрвото, затоа не ве интересира што мислат другите за тоа. И, ќе се забавувате одлично затоа што имате безгрижен, речиси детски дух. Луѓето сакаат да се дружат со вас затоа што знаат дека секогаш е забавно со вас.

Традиционално дрво

Сакате удобност, домашна атмосфера, безбедност и семејни работи. Вие високо ги цените пријателите и семејството и претпочитате ноќ со најблиските отколку ноќ во град со странци.

Минијатурно дрво

Знаете дека големината на дрвото не го покажува новогодишниот дух. Поентата е во љубовта во која вложувате во украсувањето дури и кога дрвото е мало, па дури и ако избирате готови дрвја. Тоа само ја покажува вашата практична страна. Мислите на просторот, нередот. На овој начин, вие буквално убивате две муви со еден удар.

Гламурозно дрво

Ги следите трендовите и сакате украсите на вашето дрво да се скапи, уникатни, различни. Истото го правите и во животот. Повеќе сакате да купите нешто квалитетно и оригинално отколку да трошите пари на копии. Сакате да бидете во центарот на вниманието, имате високо мислење за себе и сте од оние кои се сакаат и наградуваат себеси за целиот труд.

Модерно дрво

Ги следете ги сите трендови, Инстаграм е вашата главна мантра и обожавате да го сликате вашето дрво од сите агли. Во зависност од модата, секоја година вашето дрво може да има комплетно нови украси. Истото го правите и во животот. Можеби сте импулсивни во купувањето, но мора да имате сè што тукушто ќе се појави. Сакате внимание, сакате лајкови и обожавате сè што е поврзано со оваа сезона.

Необични дрвца

Вие се вбројувате во оние кои сакаат да бидат различни. По секоја цена. Не, нема да имате вистинско зелено дрво, но ќе наредете книги или шишиња во таа форма и ќе ги украсите, или ќе закачите украси на ѕидот, следејќи ги контурите на дрвото. Овие луѓе, како што се наведува на литлтингс се ги краси креативност, широк ум. Тие се неисцрпен извор на инспирација и честопати се многу практични.