САД ја прекинуваат обуката на турски воени пилоти за Ф-35

140

Воените власти во САД донесоа одлука да се запре обуката на турските воени пилоти за авиони Ф-35. Пилотите треба да ги напуштат САД до 31 јули.

Одлуката е донесена по разговори на САД и Турција за прашањето за откажување на договорот на Анкара и Москва за испорака на руски ПВ-системи С-400.

Во американската база Лук во моментот на обука се четири турски пилоти и 20 техничари. Според американски медиуми, не е исклучено таа мерка да биде укината во случај Анкара да се откаже од купувањето руски ПВ-системи.