Кошаркарската репрезентација на САД со неверојатен пресврт против Австралија се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио. Главниот кандидат за златото во втората четвртина губеше со 15 поени (41:26), но во преостанатиот дел од мечот заигра далеку подобро и на крајот славеше со 97:78.

Кевин Дурент со 23 и Девин Букер со 20 поени ги предводеа Американците во борба за четврто едноподруго олимписко злато, додека на спротивната страна најдобри беа Пети Милс со 15 и Данте Ескум со 14 коша.

Кошаркарите на САД ќе се борат за златото со победникот од второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Словенија и Франција.