САД во преговори со Маск:Интернет услугата Старлинк достапна во Иран?

228

Белата куќа е во преговори со милијардерот Илон Маск во врска со тоа компанијата Спејс Икс да ја овозможи услугата Старлинк во Иран, пренесе денес Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјални лица запознаени со преговорите.

Воспоставувањето мрежа на сателитот во Иран би им помогнало на граѓаните да ги заобиколат ограничувањата во пристапот до Интернет и социјалните мрежи, пренесува Ројтерс.

Американското министерство за финанисии минатиот месец соопшти дека дел од опремата на Старлик може да се изведе во Иран, сугерирајќи дека на компанијата можеби нема да ѝ треба лиценца за давање услуги во Иран.

Државниот секреатар на САД Ентони Блинен претхосно напиша во објава на Твитер дека Соединетите држави  преземале акција за да „ја унапредат слободата на пристапот до интернет и слободен проток на информации“ во Иран.

Маск во вторникот рече дека Старлинк не добил никакви финансиски средства од Министерството за одбрана на САД за своите услоги во Икраина, додавајќи дека компанијата губи околу 20 милиони долари месечно поради неплатени услуги и трошоци.