Садан Муслиоски: песната “Сирак“ ја опишува тагата на оставеното дете од својата мајка

192

Садан Муслиоски е релативно новото име на макеоднската фолк сцена, а поодамна постига големи успеси. Последниот најсвеж успех Садан го има со хитот “Сирак“. Ова е всушност и првата официјалнo снимена песна која Садан ја пласира за својата многубројна публика. Затоа што песната има и спот кој го изработи охридската ИН-продукција.

Снимано е на многу локацији во околината на Охридско Езеро, а особено во струшкото село Лабуништа од каде потекнува самиот Муслиоски. Песната е премногу емотивна, а зборува за тагата на едно дете кое било оставено од својата биолошка мајка.

Садан ја пее токму онака како што треба, со толку осет што предизвикува кај слушателите да заплачат. Инаку, музиката за “Сирак” е од една турска песна, а текстот на македонски јазик го напиша Џула Муслиоска.  Д.М.