Русковска повикана да даде отчет за своето однесување

88

Советот на јавни обвинители ќе ја повика обвинителката Вилма Русковска да даде отчет за своето однесување. Ова за Телма го потврди претседателот на советот Ацо Колевски кој не сакаше да го каже ставот за кавгата на Русковска со апелационите судии. Вели дека добиле допис од апелација, но дека треба да се слушне и другата страна.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска со СМС порака им се заканила на судиите од апелација со финансиска истрага, откако тие одлучија затворскиот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, да биде заменет со домашен.

Апелација ова го смета за преседан, а осуда за однесувањето на Русковска стигна и од Судскиот совет.