Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нема коментар по соопштенијата на Апелационит суд и Судскиот совет за нејзино наводно мешање во работата на судовите.

Таа вели дека не сака да коментира туѓи ставови откако Апелација и Судски совет  на заеднички колегиум оценија дека СМС пораката што таа ја пратила на еден од судиите  е недолично однесување и преседан во правосудниот систем.

Русковска  по одлуката на апелационите судии, за одредување домашен притвор за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, на судијата Јани Нича му испратила СМС порака со содржина:

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам“.