Руските копнени сили се приближуваат до Киев со воен конвој долг 27 километри

302

Сателитски снимки направени денеска покажаа дека руските копнени сили продолжија да се приближуваат до главниот град на Украина со воен конвој долг 27 километри, соопшти приватна американска компанија.

Maxar Technologies Inc соопшти дека во конвојот се стотици оклопни возила, тенкови,  артилерија и возила за логистичка поддршка. Тој продолжил да се движи кон југ кон Киев.