Рускиот патријарх Кирил разговараше со архиепископот од Кентербери за кризата во Украина

32

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска разговарал за конфликтот во Украина со англиканскиот надбискуп од Кентербери, Џастин Велби, се вели во соопштението на руската црква.

„Имаше детална дискусија за критичната ситуација во Украина“, соопшти руската црква, додавајќи дека двајцата разговарале за „хуманитарниот аспект“ на кризата.

Претходно денеска патријархот Кирил разговараше со папата Франциск.