Рускиот патријарх Кирил падна за време на осветувањето на црквата во Новоросиск/ВИДЕО

453

Московскиот патријарх и водач на Руската православна црква Кирил падна за време на церемонијата на осветување на црквата во градот Новоросиск во јужниот руски регион Краснодар на брегот на Црното Море.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа патријархот Кирил како се лизга по мермерниот под и паѓа. Придружбата и обезбедувањето не реагираа доволно брзо за да му помогнат на својот верски водач.

Весникот Московски Комсомолец објави дека патријархот го повредил грбот на работ на мермерот.

“Тоа што паднав денес не значи ништо. Подот е убав, можете да го погледнете, тој е толку сјаен и мазен. Кога по него ќе се пролее водата, дури и ако е свето место, тогаш законите на физиката стапуваат на сила”, се пошегува патријархот пред верниците.

Патријархот Кирил е на чело на Руската православна црква од 2009 година и се најде на удар на јавноста поради неговата поддршка на руската агресија врз Украина. Обединетото Кралство воведе санкции, додека воведувањето санкции од страна на Европската унија беше блокирано од Унгарија.