„Руската вакцина е најдобра, тоа го признаваат западните експерти, но молчат“, смета Сијарто

725

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за Раша Тудеј изјави дека е „фрустриран“ од западните лидери. Како што вели, политички си поигруваат со руската вакцина Спутник В.

Тој е убеден дека овие лидери не можат да си дозволат јавно да признаат дека руската вакцина е „најдобрата“. Европската агенција за лекови (ЕМА), ги одобри вакцините Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џоноцо и Џонсон, но руски Спутник В се уште чека одобрување, и покрај тоа што веќе се користи во 70 земји во светот.

За Унгарците вакцинирани со Спутник В, тоа значи дека не можат да добијат дигитален ЕУ – ковид сертификат и покрај фактот што Унгарија ќе започне со локално производство на вакцината следната година.

„Ова е многу фрустрирачко за мене“, изјави Сијарто за РТ, истакнувајќи дека според регулативите на ЕУ, ЕМА или владините регулативи на земјите-членки можат да одобруваат вакцини, како што направи унгарската влада со Спутник В.

„Не разбираме зошто ова одобрение не го почитуваат другите земји-членки“, додаде тој.

„Занемарувањето на Спутник В од страна на ЕУ е повеќе прашање на политика отколку на ефикасност“, рече тој.

„Секогаш кога разговарам со моите колеги од Западна Европа, тие секогаш ми велат дека се свесни дека руските научни достигнувања се на добар глас. Приватно, сите го кажуваат тоа, но кога излегуваат во јавноста, секој зборува поинаку. Истражување објавено во медицинскиот списание The Lancet и компаративните студии од Унгарија објавени оваа недела покажуваат дека руската вакцина е најефикасна од сите пет вакцини во спречувањето на смрт од Ковид. Таа е втора најефикасна во спречувањето на самата инфекција, по американската Модерна“, наведува RT.

Самиот Сијарто ја избрал руската вакцина.

“Причината зошто се вакцинирав со Спутник В е едноставна. Кога бев дете, бев вакциниран со советски вакцини. Бидејќи сè уште сум жив и здрав, решив дека нема потреба од промени”, рекол тој.