Русија: Интернетот и мобилните телефони во прекин за време на протестите за поддршка на Навални

50

Услугите на мобилните оператори и интернетот во Русија денеска биле во прекин, јави веб-страницата dovndetector.ru во моментот кога полицијата ги сузбиваше забранетите демонстрации со кои се бара ослободување од затвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Некои светски агенции јавија дека над 200 демонстранти биле приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 лица биле приведени за време на денешните протести во повеќе градови, вклучувајќи ги Владивосток и Хабаровск.

Организаторите на демонстрациите во Владивосток изјавија дека таму на протестот излегле околу 3.000 луѓе, а според проценките, ќе има уште повеќе учесници на попладневниот собир што ќе се одржи во Москва.

Извор:МИА