Во Русија денеска стапува во сила забрана за чување диви животни и отровни животни како домашни миленичиња.

Со указ на руската Влада се забранува држење животни кои претставуваат опасност за сопствениците и оние чие природно живеалиште значително се разликува од условие што би ги имале дома, и тоа негативно би влијаело на нивното здравје и би довело до нивно угинување.

Според руското Министерство за заштита на животната средина, списокот на забранети животни е проширен со помош на групите за заштита на правата на животните.

Забраната, пред се, се однесува на егзотични миленичиња како што се кобри, мамби, морски змии, комодо змејови, крокодили, шкорпии, отровни пајаци, мечки, лавови, тигри, леопарди, волци, некои видови мајмуни, ноеви и ему.

Според указот, животните што се набавени пред 1 јануари 2020 можат да останат со сопствениците.

Забраната не се однесува на зоолошки градини, циркуси и аквариуми.

Исклучоци можат да се направат и кога се работи за животот или здравјето на животните.