Рудигер се одлучи за „дамата“

49

Најтиражниот спортски весник на Апенинскиот полуостров – „Газета дело Спорт“ ја пласираше и информацијата дека најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, ќе биде следната дестинација на германскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Челзи, Антонио Рудигер. Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и може да се пресели во Торино без никакво обештетување.