Рудигер официјално нов играч на Реал Мадрид

168

Актеулниот европски и шпански шампион Реал Мадирд соопшти дека договори соработка со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

Дваесет и деветгодишниот Германец потпиша договор со мадридскиот клуб на четири години. Фудбалерот го напушти Челзи како слободен агент.

Рудигер е во Челзи од јули 2017 година. Во сезоната 2021/22, фудбалерот постигна пет гола и оствари четири асистенции на 54 натпревари за тимот.

Како дел од лондонскиот тим, дефанзивецот го освои ФА купот, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.